ЈОВАНОВСКИ, Бранимир

ЈОВАНОВСКИ, Бранимир (Куманово, 29. Ⅶ 1961) – стрелец и тренер. Завршил Виша тренерска школа во Скопје (2002). Бил првак на Југославија со воздушен пиштол за инвалидизирани лица (1990 и 1992) и репрезентативец (1988–1992). На Светското првенство во Асен (Холандија, 1990) освоил сребрен медал – екипно, а во Хвасунг (Јужна Кореја, 2002) сребрен и бронзен медал – екипно. На Европското првенство во Бриж (Белгија, 1991) освоил две златни медали – екипно, а во Франција (1997) и Данска (2001) еден сребрен и два бронзени медали – екипно. На Параолимписките игри во Барселона (шпанија, Бранимир Јовановски 1992) освоил златен медал со светски и олимписки рекорд. Тој е учесник и на други олимписки игри (1996, 2000 и 2004). Д. С. Владо Јовановски ЈОВАНОВСКИ, Владо (ПробиШтип 27. Ⅱ 1967) – филмски и театарски актер. Една од најоригиналните актерски личности што на екранот се претставува во улоги на невротичен маргиналец, способен, меѓутоа, да се преобрази во лик на одмаздник, нежен љубовник или епски херој. По ус-пешното деби во „Македонска сага”, во „Прашина” остварува необична синтеза на нежен љубовник, суров одмаздник и митски херој. Неговиот талент доби полна зрелост во комедијата „Балканкан” и во социјалната драма „Илузија”. Г. В. ЈОВАНОВСКИ, Глигор Исаиев