ЈОВАНОВСКИ, Ацо

ЈОВАНОВСКИ, Ацо (Александар) (Скопје, 31. Ⅻ 1930) – актер. Завршил Државна средна театарска школа во Скопје (1952). Работи во Драмата на МНТ (19511964), кога преминува во Драмскиот театар. Едно од најбележитите имиња на македонското драмско творештво. Некои од неговите остварувања претставуваат датуми во историјата на македонскиот театар воопшто. Актер со широка амплитуда на творечки можности што му дозволуваа да игра во роли од најразличен карактер. УЛО.: Фезлиев („Црнила”), Клаудиј („Јас, Клаудиј”), Емануел шандебиз и Пош („Болва в уво”), Попива („Дундо Ма-рое”), Пантаглез (во истоименото дело), Таткото („Сили во воздухот”) и др. ФИЛМСКИ УЛО.: „Црно семе”, „Најдолгиот пат”, „Јазол” и „Хај-фај”. Р. Ст.