ЈОВАНОВИЌ, Марија

ЈОВАНОВИЌ, Марија (Скопје, 24. Ⅷ 1929 – Скопје, 2007) – историчар, научен советник во ИНИ. Дипломирала на Филозофскиот факултет – Група етнологија во Скопје (1957) и докторирала на темата „Политичките и просветно-културните прилики во Вардарска Македонија (1918-1929)” на Филозофскиот факултет во Марија Јовановиќ Приштина. Освен библиографијата, нејзин научен интерес било минатото на Македонија во средниот век, а потоа периодот меѓу двете светски војни и НОБ. Била раководител на Библиографското одделение и на Одделението меѓу двете светски војни. БИБ.: Востанијата на македонскиот народ во XI век, Скопје, 1963; Хисториограпхие де Мацедоине 1945-1970, ИНИ, т. И-Ⅱ, Скопје, 1970 и 1972; Жените од Македонија во НОВ 1941-1945. Документи и биографии, Скопје, 1977; Просветно-политичките прилики во Вардарска Македонија (1918-1929), Скопје, 1983. ЛИТ.: Педесет години Институт за национална историја 1948-1998, Скопје, 1998, 183-184. С. Мл. Петар Јовановиќ