ЈОАКИМ

ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ (XI в.) – преподобен, пустиножител и чудотворец. Неговото „Житие” не дава податоци за местото од кое преподобниот отец Јоаким, во втората половина од XI в., дошол во Осоговието покрај реката Сарандопор или наречена Крива Река, кај местото Скупица, и таму во една пештера го минал остатокот од животот во молитва, пост, бдеење и покајание. Бројни чудеса правел во земниот живот, како и по неговото упокојување. На тоа место подоцна живеел еден друг подвижник, по име Теодор, кој бил свештеник и по смртта на неговата сопруга решил да се замонаши. Нему Св. Јоаким на сон му го открил местото во кое се наоѓале неговите свети мошти. Тука Теодор изградил храм посветен на св. Јоаким. Славата и чудесата на св. Јоаким се прочуле надалеку. Тој бил и останува невидлив игумен и настојател на својот манастир. ЛИТ.: Добрила Миловска, Јован Таковски, Македонската житијна литература IX–ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1996, 116–124. Ј. Так.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *