ЈИГИТ-БЕГ

ЈИГИТ-БЕГ (? – 1414) – освојувач, прв османлиски заповедник на Скопје. Учествувал и во Косовската битка. Бил познат под името Паша Јигит-бег и се смета за основоположник на познатата скопската фамилија од која произлегле идните команданти на Скопје и на Скопското краиште, Исхак-бег и Иса-бег. Бил погребан во Скопје. Неговата џамија се наоѓала во Скопската чаршија, а настрадала при бомбардирањето на Скопје во 1943 г. ЛИТ.: Глиша ЕлезовиÊ, Турски споменици у Скопљу, „Гласник Скопског научног друштва”, И, св. 1, Скопље, 1925; Скопски ИсаковиÊи и Паша Јигит-бег, „Гласник Скопског научног друштва”, XI, Скопље, 1932; Драги Ѓоргиев, Скопје од турското освојување до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век, Скопје, 1997. Др. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *