ЈЕНСЕН, Франц

ЈЕНСЕН, Франц (Данска, 1870 – ?, 1949) – историчар, дипломат и светски познат дански новинар. Работел за весникот „Натионалтиденде” (1897–1910) од Копенхаген каде што објавувал дописки за Македонија. Бил во Македонија (1903), пропатувал во западниот дел од Битола, преку Охрид до Галичник. Пишувал за „македонските христијани”. Ги следел борбите за време на Илинденското востание. ЛИТ.: Сава Јанковици, Пишувањето на Франц Јансен за Македонија, Прилози за Илинден, Ⅲ, 1979, Скопје, 1983. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *