ЈАХЈА, ќемал Бејатли

ЈАХЈА, ќемал Бејатли (Скопје, 1884 – Истанбул, 1958) – турски поет, политичар и дипломат. Се школувал во Скопје, во Истанбул и во Париз, бил професор на повеќе факултети во Истанбул. Како дипломат бил пратеник во Мадрид и во Варшава, амбасадор во Пакистан и претставник на Турција во УНЕСКО. Се смета за еден од најголемите турски поети на ⅩⅩ в. Објавил многу дела од областа на поезијата и прозата во кои пишува и за својот роден град Скопје. ЛИТ.: Тüрк едебиѕат тарихи ⅩⅩ, šстанбул, 2001. Др. Ѓ.