ЈАСИКА

ЈАСИКА .(ТРЕПЕТЛИКА) (Популус тремула Л., фам. Салицацеае) – големо листокапно дрво со право стебло, со мазна, светлозелена кора. Ареалот £ се протега низ цела Европа, Северна Азија и во Северозападна Африка. Листовите се тркалезни, со брановиден раб, врз долга, сплескана дршка. Дводомен вид е, со цветови собрани во долги реси. Цвета пред пролистувањето, а плодовите зреат рано со листањето. Семето е многу ситно, снабдено со долги, бели влакненца. Светлољубив, брзорастечки и кусовечен вид е, со меко и трајно дрво. Во нашата земја јасиката е планински вид најмногу застапен во буковиот регион. Ал. Анд.