ЈАРАНОВ, Димитар

ЈАРАНОВ, Димитар (Солун, 18. Ⅹ 1909 – 14. Ⅷ 1962) – географ. Основно и средно образование завршил во Софија. Географија дипломирал на Историско-филолошкиот факултет на Софискиот универзитет (1933). Истата г. заминал на Хумболтовиот универзитет во Берлин, каде што одбранил докторска дисертација на тема „Јуротипниот релјеф на Алпите, Централна Европа и Стара Планина”, потоа заминал да специјализира физичка географија и геоморфологија на Сорбона во Париз. Во 1936 г. бил избран за доцент по физичка географија на Софискиот универзитет. Во Втората светска војна бил аташе за култура во Бугарската амбасада во Берлин. По војната бил отстранет од факултетот и му било забрането да објавува трудови во Бугарското географско друштво. Во 1947 г., на покана од македонската Влада во Скопје, бил назначен за раководител на Службата за хидроенергетски про-учувања на Македонија. Во времето на Информбирото се враќа во Бугарија, каде што работи како главен геолог во изградбата на големите брани. Објавил 72 научни и стручни трудови, главно од областа на геологијата, регионалната географија и картографијата. БИБ.: (Јаранов:) Карта на Македони® в географските £ граници, Македонски научен институт, Софи®, 1933; Минералните богатства въ Македони®, „Македонски преглед”, кн. И, Софи®, 1942; Сур ла гéологие де ла Мацéдоине Оццидентале, Трудови на Геолошкиот завод на НРМ, бр. 1, Скопје, 1947; Гребените на Црни Дрим – Второ кратко соопштение за геологијата на Албанскојугословенските Динариди, Трудови на Геолошкиот завод на НРМ, бр. 2, Скопје, 1951. Ал. Ст. Горски (бел) јасен