ЈАРАМКАБА ЗУРЛА

ЈАРАМКАБА ЗУРЛА .- зурла од средна големина. Најчесто се употребува за изведување на главната водечка мелодија, освен кога водечката мелодија ја изведува најмалата зурла џура. Тогаш зурлата јарамкаба има бордунирачка улога и ја свири лежечката мелодиска линија. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 106. Ѓ. М. Ѓ. Димитар Јаранов