ЈАПАНЏАК -. горна облека што се носела зиме, наместо гуња. Бил изработуван од клашна, со едноставен крој. Должината му била до колената, а ракавите кратки до лактите. Имал и голема јака, која по потреба се користела како ќулавка. Бил без украси и гајтани. Најчесто се носел нагрнат, прикачен однапред на градите. Ј. Р. – П.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.