ЈАНЧЕВСКА-НИКОЛОВСКА, Мирослава Димитрова

ЈАНЧЕВСКА-НИКОЛОВСКА, Мирослава Димитрова (Куманово, 31. Ⅷ 1928) – редовен професор (1979) на ПМФ (Институт за хемија). Докторирала (1953) на ПМФ во Скопје. Била еден од првите асистенти на Катедрата за хемија. За редовен професор е избрана во 1979 г. На додипломските и постдипломските студии по хемија одржувала настава по неколку предмети од областа на органската хемија, а од оваа област £ се и научните трудови (вкупно 80) и соопштенијата на научни собири (шеесетина). Раководела шест научноистражувачки проекти. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 214; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 236. Б. ш. Ѓорѓи Јанчевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *