ЈАНКОВ-МУЧЕТО, Благој Георгиев

ЈАНКОВ-МУЧЕТО, Благој Георгиев (Гонев) (Струмица, 3. Ⅵ 1911 – Струмица, 14. Ⅶ 1944) – шивачки работник, комунистички деец, народен херој. Завршил два класа гимназија, а потоа во Белград го изучил шивачкиот занает (1928) и бил особено активен во тамошното синдикално и комунистичко движење. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. Ⅹ 1936), по што повторно отишол во Бел-град, каде што бил примен за член на КПЈ (кон крајот на 1936) и бил член на Реонски комитет на КПЈ. По враќањето бил член на МК на КПЈ во Струмица и член на привремениот ПК на КП во Македонија (од септември 1940). Како инструктор на ПК со седиште во Штип (октомври 1940 – август 1943), бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и во Радовиш. Како секретар на Четвртиот окружен комитет на КПМ во Штип (март 1943–1944), при една партиска провала во Штип (17. Ⅷ 1943) бил ранет, а во друга провала во Струмица загинал во борба со бугарската полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. Ⅹ 1951). ЛИТ.: Видое Подгорец, Јанков Гоне Благој-Мучето (1911-1944), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 132-137; Јанков Гоне Благој-Мучето (1911-1944), „Млад борец”, ЏЏЏИИИ, 14-15, Скопје, 30. Ⅳ 1975, 17; С(тојче) Балкански, Убиен на прагот на слободата. 34 години од смртта на народниот херој Благој Јанков-Мучето, „Вечер”, ⅩⅤⅠ, 4680, Скопје, 14. Ⅶ 1978, 11; Ѓ. Појразовски, Прекален борец и револуционер. Четириесет години од смртта на Благој Јанков Мучето, „Нова Македонија”, ЏЛ, 13463, Скопје, 15. Ⅵ 1984, 3; Благој Јанков-Мучето, живот и дело (19101944). Прилози од научниот собир одржан на 28 и 29 ноември 1996 година во Струмица, Скопје, 1997. С. Мл. ЈАНКОВСКИ, Драган Устијанов