ЈАНКОВИЌ, Љубица и Даница

ЈАНКОВИЌ, Љубица и Даница (Љубица – Алексинац, Србија, 14. Ⅳ 1894 – Белград, 3. Ⅴ 1974; Даница – Лешница, Србија, 7. Ⅴ 1898 – Бел-град, 18. Ⅳ 1960) – етномузиколози и етнокореолози. Заедничката собирачка работа на полето на фолклорот ја започнале во 1913 г. Први во тогашната држава се занимавале со собирање и со проучување на народните ора. Создале сопствен систем за бележење што го примениле во издавањето на збирката „Народни игри” (во 9 тома). Во дел од нив (1 и 4) се собрани, проучени и опишани голем број ора од повеќе етнографски подрачја на Македонија, што се основа за подоцнешните проучувања на македонските етнокореолози. М. Кол.