ЈАНКОВИЧ, Јефрем

ЈАНКОВИЧ, Јефрем (Јефтимије) – Тетоец (Тетово, 60-тите г. на ⅩⅤⅠⅠ в. – Русија, 1718) – митрополит. Во 1690 г. со бегалското население предводено од патријархот Арсение Ⅲ Црноевиќ емигрирал на австриска територија. Од 1695 до 1703 г. епископувал во Мохачко-сигетско-печујската епархија. Бил против прифаќањето на унијатството и дошол во судир со месните духовни лица. Отишол во Русија и до крајот на животот бил суздаљски и јурјевски митрополит. ЛИТ.: Димитрије Руварац, О епархији Печујско-мохачко-сигетској од 1695-1737, Сремски Карловци, 1922. М. Здр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *