ЈАНЕВ, Антон Лазов

ЈАНЕВ, Антон Лазов (Андон ќосето) (с. Голозинци, Велешко, 25. Ⅻ 1854 – Горна Џумаја/Благоевград, 10. Ⅹ 1953) – терзија, деец на ТМОРО/ВМОРО. Од 1896 г. бил борец во четите на М. Попето, Ј. Сандански, Х. Чернопеев и др., а потоа формирал своја чета. Учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј (1897) и на мисионерката Е. Стон (1901), како и во Илинденското востание (1903). Потоа бил војвода во Гевгелиско, инспектор на четите, делегат на првиот (редовен) конгрес на Серскиот револуционерен округ (1905) и доброволец во Македонско-одринското ополчение (1912–1913), по што живеел во Горна Џумаја. ИЗВ.: Спомени на Јане Сандански, Сава Михајлов, Христо Куслев, Иван Анастасов-Грчето, Скопје, 1951; Освободителното движение в Македони® и Одринско. Спомени и матери®ли. С„обцава Л. Милетич, т. 2, Софи®, 1983 (фототип. изд.); Спомени на Андон Књосето, Илинденскопреображенското вљстание 1903, Софиџ, 1968, 274-284. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *