ЈАНЕВСКИ, Јордан

ЈАНЕВСКИ, Јордан (Скопје, 29. Ⅰ 1933 – Скопје, 15. IX 1999) – тонснимател и тонски монтажер. Се вработува (1950) во „Вардар филм”, каде што низ работата во филмовите стручно се оспособува за професијата тонски снимател. Во „Вардар филм” останува сè до своето пензионирање (1991). За македонската филм-ска продукција има реализирано повеќе од 130 кусометражни и анимирани, како и 11 играни филма како самостоен тон-снимател и монтажер. В. Масл. Светозар Јаневски