ЈАНЕВСКИ, Светозар

ЈАНЕВСКИ, Светозар (Велес, 19. Ⅶ 1947) – технолог, бизнисменменаџер. По завршувањето на Технолошкиот факултет во Скопје (1976), се вработува во Пиварницата – Скопје (1976) и како директор на Секторот за истражување и развој, технички директор и генерален директор на фирмата ја проширува инвестиционата активност, го стандардизира производството, го подигнува квалитетот на производите и постигнува најдобри економски и финансиски перформанси во земјата и во регионот. Проширувајќи го бизнисот, ги презема двете најголеми винарии во земјата „Тиквеш” во Кавадарци (2003) и „Винојуг” во Гевгелија (2004). Како член или раководител учествува во повеќе национални и меѓународни професионални органи и тела и добива повеќе признанија. Р. Славко Јаневски