ЈАНЕВСКИ, Живко

ЈАНЕВСКИ, Живко (Градско, 1. Ⅷ 1940 – Скопје, 15. Ⅲ 2000) – најистакнат македонски новински фоторепортер. Мајстор на фотографија на Југославија (1974), во наредната година во Берн, го добил највисокото меѓународно признание за уметничка фотографија ЕФИАП. Со фотографија почнал како член на белградските фото-клубови „Електромашинац” и „Београд” (1957 /1968), а професионално по враЖивко Јаневски ќањето во Скопје (1968). Целиот свој работен век го минал во НИП „Нова Македонија” како соработник/ уредник на фотографија на „Нова Македонија”, „Вечер”, „Журнал”, „Екран”, „Починка”, „Пулс”. Имал седум самостојни изложби, излагал уште на дваесетина групни изложби во најзначајни фото-салони во светот. Освоил 84 награди. Од 2001 г. е востановена годишна „Гран при награда Живко Јаневски” за најуспешни фоторепортерски остварувања. Б. П. Ѓ.