ЈАНЕВА, Магдалена

ЈАНЕВА, Магдалена (Скопје, 12. XI 1934) – балерина. Балетското образование го стекнува во Балетското училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Член е на Балетот во МНТ (1949–1956); првенка на Балетот на Народното позориште во Белград (1956-1973). Ј. се истакнува со чиста класична балетска техника и музикалност. Има одиграно повеќе главни улоги и соло-нумери. УЛО.: Сванилда (Л. Делиб, Копелија), Аурора и Сина птица (П. И. Чајковски, Заспаната убавица), Јела (Ф. Лотка, Ѓа-вол на село) и др. Ем. Ⅹ.