ЈАНАКИЕВСКИ, Томе

ЈАНАКИЕВСКИ, Томе (Битола, 20. Ⅵ 1938 – Битола, 30. Ⅶ 2004) – археолог. Дипломирал археологија во Загреб. Од 1964 г. работел како кустос во античкото одделение на Заводот и Музеј Битола, а од 1968 до 1976 бил директор на Томе Јанакиевски оваа институција. Магистрирал (1975) и докторирал (1997) во Загреб. Од 1999 г. работел како научен советник во Институтот за старословенска култура. Вршел археолошки истражувања, конзервација и реконструкција на античкиот театар во Хераклеја Линкестис и на повеќе локалитети во Пелагонија (Кале Стрежево, Суводол, Битола и др.). БИБ.: Театар, Посебни изданија, 2, Битола, 1987; Античките театри и споменици со театарска тематика во Република Македонија, Битола, 1998; Убикација на средновековна Битола, Битола, 2003. Д. З.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *