ЈАКОВЛЕВИЌ, Милош Авросиев

ЈАКОВЛЕВИЌ, Милош Авросиев (с. Галичник, 19. Ⅶ 1892 – Скопје, 26. Ⅶ 1963) – прв Македонец спец. по педијатрија, проф. на Мед. ф. во Сараево. Студирал на Мед. ф. во Бордо (Франција), каде што и докторирал (1920). По специјализацијата во Виена и во Лондон, го формирал и го раководел првиот ДД во Македонија при ХЗ во Скопје. Покрај професионалните ангажмани, учествувал како доброволец на Македонскиот (Солунски) фронт и бил член на Президиумот на НС на СРМ, а во периодот 1948–1950 г. бил претседател на ПС на МЛД. ЛИТ.: „Годишен зборник на Медицинскиот факултет”, т. ИВ, Скопје, 1968, 100-102. Сл. М. П. Ахмет Јакупи