ЈАКИ, Роберт С

ЈАКИ, Роберт С. (Скопје, 13. Ⅲ 1950) – фоторепортер, уметнички фотограф. Основач е и главен уредник на првото македонско специјализирано списание „Фотон Арт”. Од 1972 г. работел во редакциите на „Нова Македонија”, „Починка”, „Екран” и во Танјуг (1980/89). Основач е и прв претседател на Асоцијацијата на македонските фоторепортери (2002). Добитник е на наградата на ОН за најдобра фотографија во 2005 г. Имал повеќе самостојни изложби меѓу кои во Националната галерија (1983), во МНТ (1986), во КИЦ (1987) и во Музејот на Загреб (1989). Б. П. Ѓ. Тодор Јакимов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *