ЈАКИМОВ, Тодор Д

ЈАКИМОВ, Тодор Д. (Велес, 1926) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот отсек при Техничкиот Факултет во Загреб (1952) и се вработил во фабриката за електрични производи „Југ” во Скопје. Во 1953 г. преминал на работа во составот на новоформираната група за изградба на Рудници и железарница „Скопје”, каде што останал до 1969 г. Во 1961 г. бил избран за доцент на ЕТФ во Скопје. Во 1966 г. бил избран за виш предавач, 1971 за вонреден професор, а во 1976 г. за редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Докторирал на Електротехничкиот факултет во Загреб. Бил Декан на ЕТФ во Скопје. Во периодот од 1969 до 1973 г. бил ангажиран како советник во Рудници и железарница „Скопје”, од 1973 г. бил технички советник во Индустријата за никел, челик и антимон „ФЕНИ” од Кавадарци, а од 1982 до 1992 г. бил технички советник на Електроиндустријата „ЕМО” – Охрид. М. Чунд. Цветанка Јакимовска