ЈАКИМОВСКИ, Љубомир

ЈАКИМОВСКИ, Љубомир (Добрево, ПробиШтип, 22. Ⅵ 1946) – новинар и публицист, доктор по политички науки. Од 1979 г. бил главен и одговорен уредник на Третата програма на Радио Скопје, од 1982 г. директор на Телевизија Скопје, а потоа генерален директор на Македонската радио-телевизија (1985 –1989). Станува претседател на Советот за радиодифузија на Република Македонија(1997–2003). Професор е на Правниот факултет и на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Ј. Ф.