ЈАКИМОВСКИ, Чедо

ЈАКИМОВСКИ, Чедо (Кратово, 22. Ⅱ 1940 – Скопје, 15. Ⅻ 1993) – Чедо Јакимовски поет, новинар. Бил главен уредник на весникот „Млад борец”. Работел во Републичкиот секретаријат за информации. Член е на ДПМ (од 1966). Високо вреднуван поет од македонската литературна критика и застапуван во повеќе репрезентативни антологии на македонската лирика во земјата и во странство. БИБ.: Нарциса, Ск., 1966; Лажно море, Ск., 1971; Халеевата комета, Ск., 1985.ЛИТ.: Думитру М. Јон, Чедо Јакимовски, во кн: Македонска лирска фаланга, Ск., 1991. П. Гил. Јаков од Камена Река: „Часослов” (1566)