ЈАГОДА

ЈАГОДА (Фрагариа ананаса, Дуцх, Гуидес) – сортно овошје за домашно и плантажно производство. Во Република Македонијапочна да се одгледува од 1934 г. во Скопско. Во седумдесеттите и осумдесеттите години на ⅩⅩ в., се подигнати поголеми плантажи од јагоди во комбинатите во Велес, во Кавадарци, во Прилеп, во Битола. Насадите се подигнати со висококвалитетни вирус фри розети од Холандија. Од овие насади сортите спонтано се проширија и кај приватните производители, особено во Скопско. Се одгледува на црна фолија, без полевање и без заштита. За рано производство се покрива со светла фолија (пластеници). Кај нас се одгледуваат на 500-700 ха, со годишно производство од 300-550 т. Б. Р. Јагула