ЈАБЛАНИЦА – висока планина во југозападниот дел на РМ. Се наоѓа помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од долината на Црни Дрим и брегот на Охридското Езеро. На РМ £ припаѓаат источните планински страни, а западните на Република Албанија. Се протега во меридијански правец во должина од 35 км, а најголемата широчина во нашата држава изнесува 7,5 км. На наша територија зафаќа повр2 шина од 255 км . Јабланица е венечна планина формирана со олигомиоцените тектонски движења. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци во падината, а преку нив лежат тријаски варовници. Во релјефот на Јабланица доминираат високи планински врвови, пространи површини, длабоки речни долини, карстни и фосилни глацијални облици. Највисок врв е Црн Камен (2.257 м), а има и неколку врвови повисоки од 2.000 м како: Стрижак (2.233 м), Крстец (2.186 м), Чумин Врв (2.125 м) и др. Фосилните глацијални облици се претставени со пет циркови во кои се наоѓаат четири глацијални езера. Богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се Вевчанските извори, кои претставуваат своевидна туристичка атракција. Од рудното богатство Ј кај с. Пискупштина се експлоатира јаглен. ЛИТ.: А. Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2003. Т. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.