ЃУРЃЕВ, Бранислав

ЃУРЃЕВ, Бранислав (Сремски Карловци, Војводина, 4. Ⅷ 1908 – Нови Сад, 26. Ⅱ 1993) – историчар и османист, редовен член на Војводинската академија на науките и уметностите и член на МАНУ надвор од работниот состав (25. Ⅻ 1969). Како студент по историја и ориентална филологија на Филозофскиот факултет во Белград, бил член на КПЈ (1929) и секретар на Универзитетската организација на СКОЈ (1933-1934). По дипломирањето (1934) посетувал постдипломски студии во Цариград (декември 1937 – декември 1938). По враќањето се вработил како кустос приправник во Земдител на Турскиот архив (од април 1939). Докторирал на Филозофскиот факултет во Белград на тема „Каква је била власт у Црној Гори”. Во времето на Втората светска војна бил во заробеништво во Германија. По Ослободувањето бил професор на Филозофскиот факултет во Сараево по историја на народите на СФРЈ во османлискиот период и вовед во историската наука. Бил иницијатор за основањето и прв директор на Ориенталниот институт во Сараево и ги покренал сп. „Прилози за оријенталну филологију” и збирката „Монумента Турцица хисториам Славорум Меридионалиум илустрантиа”. Бил претседател на Академијата на науките и уметностите на БиХ (1968-1971), а подоцна се преселил во Нови Сад (кон крајот на 1979), каде што бил редовен член на Војводинската академија на науките и уметностите. Зограф Јован: Икона на Св. Георгиј, црква, „Св. Ѓорѓи”, Струга (1266/7) БИБ.: Турска власт у Црној Гори у ⅩⅤⅠ и ⅩⅤⅠⅠ веку, Сарајево, 1953; Улога цркве у историји српског народа, Сарајево, 1964; Развитак човечанства и друштво, Нови Сад, 1980; Загонетне цивилизације у старијој историји човечанства, Нови Сад, 1981. С. Мл.