ЃУРЧИНОВ, Милан

ЃУРЧИНОВ, Милан (Белград, 28. Ⅵ 1928) – есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар, антологичар. Член е на МАНУ од 1988 год. Завршил Филолошки факултет во Белград. Доктор е по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет во Скопје, шеф на Катедрата за славистика и основач и раководител на Катедрата за компаративна книжевност. Бил член на редакцијата на сп. „Разгледи”, претседател на Советот на СВП. Милан Ѓурчинов Член е на Македонскиот ПЕНЦЕнтар и член на ДПМ од 1956 г., а во еден мандат и негов претседател. Тој е најсуптилен македонски литературен критичар, кој со својата широка образованост и култивираност, со своите плуралистички погледи кон творечките појави и со критериум од највисок домен, ќе внесе нов дух во толкувањето на литературното творештво во нашата средина, приближувајќи ја критичката дејност кон европските стандарди. БИБ.: Време и израз, Ск., 1956; Присутности, Ск., 1963; Македонски писатели, Ск., 1969; Живо и мртво, Ск., 1974; Критички сведоштва, Ск., 1976; Достоевски, Ск., 1981; Современа македонска книжевност, Ск., 1984; Проникнувања, Ск., 1986; Пастернак, Ск., 1987; Марксизам творештво вредности, Ск., 1988; Пред прагот на иднината, Ск., 1991; Заговорници на човечноста, Ск., 1992; Нова македонска книжевност, Ск., 1996; Сребрени соништа – Ацо Караманов, Ск., 1997; Компаративни студии, Ск., 1998; Освојување на реалноста, Ск., 2000; Облик и мисла, студии, Ск., 2000; Собрани дела 1–10, Ск. 2008. ЛИТ.: Матеја Матевски: Омаж за Милан Ѓурчинов во книгата Искушенијата на идентитетот, 2005; Влада Урошевиќ, Критичарот Милан Ѓурчинов во книгата „Астролаб”, 2000 г. П. Гил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *