ЃУРА, Џеладин

ЃУРА, Џеладин (с. шипковица, Тетовско, ?) – учител, министер за култура на Албанија (1980). По Ослободувањето бил учител и началник за култура и просвета во Тетово. Потоа емигрирал во Албанија (1948), каде што минал специјална обука на Сигурими, во логор во околината на Тирана. Подоцна, со група од 18 диверзанти бил уфрлен во Македонија и се сместиле во бачилата над с. шипковица, штитени и хранети од месните јатаци од селото. Откриени од УДБ, по престрелката еден од нив загинал (1952), а другите диверзанти успеале да се спасат. Истата година уште еднаш престојувал во Македонија. Подоцна, со лажен пасош, пак дошол во Југославија, овој пат во Загреб (пролетта 1979), каде што се сретнал за политички договор со тогашниот претседател на Извршниот совет на Собранието на Тетово Менаф Незири, родум од с. Речица (Тетовско) и со други сомисленици од Кумановско, од Тетовско и од Косово. С. Мл. Марио Ѓуранец