ЃУЗЕЛ, Богомил Димитров

ЃУЗЕЛ, Богомил Димитров (Чачак, Србија, 1939) – поет, раскажувач, драмски писател, есеист, преведувач. Завршил студии на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Ги превел делата на шекспир, Одн и Елиот. Бил в.д. директор на Струшките вечери на поезијата. Еден е од основачите на Независните писатели на Македонија. БИБ.: поезија: Медовина 1962, Алхемиска ружа 1963, Мироносци 1965, Одисеј во пеколот 1969, Бунар во времето 1972, Тркало на годината 1977, Стварноста е сè 1980, Опсада, 1981, Празен простор 1982, Мрак и млеко 1986, Рушејќи го ѕидот 1989, Одбрани песни 1991, Гол живот 1994, Хаос 1998, Она 2000; есеи: Историјата како маштеа 1969; проза: Куќа цел свет 1975, Митостории (три драми) 1982, Легенди 1984, Одбрана поезија (19622002), 2002. Р. Димитар Ѓузелев