ЃУЗЕЛЕВ, Димитар Христов

ЃУЗЕЛЕВ, Димитар Христов (Дојран, 10. Ⅰ 1903 – Скопје, 1945) – филозоф, гимназиски учител и политички деец. Основно образование завршил во родниот град, гимназија во Штип, а Филозофски факултет (Група филозофија) на Филозофскиот факултет во Скопје, клон на Белградскиот универзитет. Бил еден од основачите на Македонската младешка тајна револуционерна организација во Скопје. На Скопскиот студентски процес (1927) е осуден на 20 години робија. Под притисок на домашната и на меѓународната јавност (Друштвото на народите) е помилуван и пуштен на слобода (1931), но со забрана да живее и да работи во тогашна Вардарска Бановина. Работи како гимназиски професор по филозофија и психологија, како и латински, германски и француски јазик во Кикинда, Кралево и Чачак и како суп-лент на Универзитетот во Суботица. По сломот на Кралството Југославија се враќа во Скопје и работи на докторската дисертација „Сцхопенхауерова прагматистичка критика ума”, која ја одбранува на Филозофскиот факултет во Загреб (1943) и ја објавува на хрватски јазик. Кон крајот на 1942 г. е назначен за началник на Радио Скопје. По Ослободувањето на Скопје е уапсен како „соработник на окупаторот” и од Воениот суд на Ⅳ воена област е осуден на смрт. БИБ.: Богомилство као први аграрни сељачки покрет у Европи, „Наш весник”, И, 1, Загреб, 30. Ⅲ 1937, 3-4; Сцхопенхауерова прагматистичка критика ума (Написао Димитар Христов Дјузелев), Загреб, 1943, Хрватска државна тискара у Загребу. ЛИТ.: Ферид Мухиќ, Димитар Христов Ѓузелев и Ханс-Георг Гадамер, во кн.: Историја на идеите на почвата на Македонија (книга 11 од макропроектот „Историја на културата на Македонија”); Поврзување на пресечниот лист, во: шопенхауеровата прагматистичка критика на умот, фототипско издание, Скопје, 1995. Г. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *