ЃОРЃИЕВ, Ѓорѓи М

ЃОРЃИЕВ, Ѓорѓи М. (с. Горна Бошава, Кавадаречко, 5. IX 1940) – етномузиколог, научен соработник и унив. професор (во пензија). Основно училиште завршил во Кавадарци (1955), средно музичко училиште во Скопје (1961), а Факултет за музичка уметност – Оддел за етномузикологија (прва генерација) во Бел-град (1967), каде што и докторирал на темата „Македонско народно певање са узвикивањем” (15. Ⅹ 1985), како прв доктор по музички науки на тој факултет. Беше асистент, научен соработник (1. Ⅹ 1969 – 28. Ⅱ 1991) и в.д. директор (29. Ⅹ 1975 – 31. Ⅴ 1976 и од 1990 – 23. Ⅳ 1991) на Институтот за фолклор во Скопје. Напоредно со тоа бил хонорарен предавач на Факултетот за музичка уметност (1970-1990) и визитинг наставник на факултетите за музика во Приштина и Но-ви Сад. Подоцна премина во редовен работен однос на Факултетот за музичка уметност во Скопје до неговото пензионирање (1991-2005), каде што го водел Одделот за етномузикологија и предавал четири наставни предмети. Бил претседател на Здружението на фоклористите на Македонија (1968– 1970). БИБ.: Македонски револуционерни народни песни за Гоце Делчев, Јордан Пиперката и Питу Гули, Скопје, 1974 (музиколошка обработка); Македонски песни за Народноослободителната борба, Скопје, 1980 (со коредактор); Македонски народни умотворби од Разлошко, Пиринска Македонија, Скопје, 1992 (со коредактори); ЛИТ.: 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков” – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950-2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 117-118 и 146. С. Мл. Ванчо Ѓорѓиевски: „Гастарбајт” Марија Ѓорѓиева ЃОРЃИЕВА, Марија Ангелова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *