ЃОРЃИЕВСКИ, Ванчо

ЃОРЃИЕВСКИ, Ванчо (Скопје, 24. Ⅵ 1924) – сликар и педагог што одиграл голема улога во доменот на ликовното воспитување на младината. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1952). Бил професор на Педагошката академија во Скопје. Имал ретроспектива во МСУ во Скопје (1978). Слика и прави графики во духот на експресионизмот, поетскиот и социјалниот реализам. С. Аб.-Д. Благој Ѓорев