ЃОРЃЕВСКИ, Јордан

ЃОРЃЕВСКИ, Јордан (Тетово, 7. Ⅻ 1910 – Скопје, 10. IX 1989) – агроном. Основно училиште завршува во Тетово, а Земјоделскошумарски факултет во Земун – Белград (1934). Работи во опитните станици во Сараево, Топчидер – Белград и во Скопје. Специјализира (една година) во Грција за елекција на памукот. Во 1948 г. доаѓа на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, како предавач по индустриски култури, каде и се пензионира како професор. Учествува во работата на повеќе тела и комисии. Објавува повеќе научни и стручни трудови од областа на индустриските култури, посебно за памукот. Автор е и на учебникот по индустриски култури. П. Ив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *