ЃОРЃЕВСКИ, Софре

ЃОРЃЕВСКИ, Софре (с. Радиовце, Тетовско, ? – ?, 1963) – еден од првите членови на МРО во Тетовско, војвода на чета (со решение на Тетовскиот местен комитет), која дејствувала во подрачјето на планината Сува Гора во Тетовско и Гостиварско. Учесник е во Илинденското востание, во борбите во Кичево. Во тетовските провали бил уапсен и затворен во Куршумли ан во Скопје (1905–1908). Носител е на Илинденска споменица. ЛИТ: Б. Светозаревиќ, Тетово и Тетовско во илинденскиот период 1895–1905, Скопје, 2003; Ж. Стефановски, Полошка панорама 73, Тетово, 1975. Бр. Св.