ЃОРЃЕВИЌ, Тихомир

ЃОРЃЕВИЌ, Тихомир (Књажевац, 19. Ⅱ 1868 – Белград, 28. Ⅴ 1944) – српски етнолог и историчар, универзитетски професор и академик, истражувач и на македонското народно творештво. Се смета за основоположник на етнологијата како наука на Белградскиот универзитет. Бил упорен теренски истражувач и особено внимание им посветил на интернационалните мотиви во народното творештво. Го проучувал и ромскиот и албанскиот фолклор. БИБ.: Наш народни живот, кн. 1-10, Београд, 1930-1934; Вештице, виле, вампири и друга бића у нашем народном веровању и предању, Београд, 1953; Природа у веровању и предању нашег народа, Београд, 1958.ЛИТ.: Граѓа о животу и раду Т. Ѓорѓевиќа, уредили Лј. и Д. Јанковиќ, „Билтен за проучаванје фолклора”, 3, Сарајево, 1955. С. Мл.

mk_MKMacedonian