ЃОРЧЕВ, Бранко

ЃОРЧЕВ, Бранко (Неготино, 24. Ⅵ 1962) – актер. Дипломирал актерска игра на ФДУ во Скопје (1987) и станал член на Драмскиот театар во Скопје, проект-менаџер (2001-2002) и негов директор од 2006 г. Улоги: Владимир („Чекајќи го Годо”); Спасе („Кумови”); Сцетион („Калигула”); Фауст; Јонадаб во истоимените дела; Хендрик („Мефисто”); Ефто („Лет во место”) и др. Р. Ст.