ЃОРЕВ, Благој Димев

ЃОРЕВ, Благој Димев (Велес, 8. Ⅱ 1922 – Ново Село, Велешко, 1. XI 1942) – револуционер, учесник во НОБ, младински и партиски активист (од 1941) и еден од првите борци на ВПО „Димитар Влахов” (од април 1942). Бил член на СКОЈ од 1940, а на КП од 1941 г. Во неговата куќа (1941) се печател партискиот весник „Народен глас”. Бил член на МК на КПЈ за Велес и секретар на СКОЈ (1942). Во Одредот ја извршувал функцијата заменик политички комесар. Учествувал во сите борбени судрувања со бугарската војска и полиција. Бил убиен од заседа од бугарската полиција. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945, Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк. Ѓоре Ѓорески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *