ЃОРГОВ, Васил

ЃОРГОВ, Васил (Велес, 20. Ⅹ 1910 – Скопје, 23. Ⅲ 1968) – политички работник. Филозофски факултет завршил во Загреб (1935). Активен заднински работник е во НОБ од 1943. Член е на КПМ од 1944. По Ослободувањето бил секретар на СК во Делчево; републички и сојузен народен пратеник; претседател на Планската комисија на НРМ; министер за шумарство и државно стопанство; претседател на Комисијата за увоз-извоз на НРМ; претседател на Градскиот народен одбор во Скопје (1953–1955); член на Извршниот совет на СРМ (1956–1963) и член на ЦК на СКМ (1953–1965). ЛИТ.: „Нова Македонија”, Скопје, 1953. Н. Цв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *