ЃОРГИЕВСКИ, Љупчо

ЃОРГИЕВСКИ, Љупчо (Битола, 21. Ⅹ 1956) – режисер. Дипломирал психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1980) и режија на ФДУ во Скопје (1990). Од и.г. е член на Народниот теа-тар во Битола, потоа негов директор (2002-2006). Режии: „Парите се отепувачка”; „Бегалка”; „Ромео и Јулија”; „Македонска крвава свадба”„Лисистрата”; „Летни Силјане”; „Лет во место” и др. Чест гостин е и на сцените низ Републиката и во странство: „Лет во место”(Пазарџик, Бугарија); „Пинокио”(Плевен, Бугарија); „Дон Жуан се враќа од војна”(Драмски театар, Скопје); „Вера Комисаржевскаја” (Петроград, Русија); „Диво месо”(Пазарџик, Бугарија). Р. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *