ЃЕЛЕВ, Јован

ЃЕЛЕВ, Јован (Иван) Недев (поп шаќо) (с. Дреново, Кавадаречко, 8. XI 1880 – Скопје, 18. Ⅲ 1954) – свештеник, илинденец и учесник во НОБ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Президиумот на АСНОМ (2. Ⅷ 1944). По Ослободувањето бил свештеник во црквата „Св. Димитрија” во Скопје. Носител е на Орден од прв ред „Братство и единство” (11. Ⅶ 1945) и одликуван е од Серускиот патријарх Алексеј со Златен граден крст (14. Ⅶ 1945). ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972. Рат. Гр. Ѓердан

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *