ЃЕЛАЈ, Том Ник

ЃЕЛАЈ, Том Ник (псевд. шумски) (с. Мирдита, Скадарско, Албанија, 1920 – с. Зајас, Кичевско, 6. XI 1943) – воен раководител на НОВ и ПОМ. Непосредно по фашистичката окупација на Македонија пристигнал во Гостивар (1941) како шумар, по што го добил и илегалното име шумски. Тука се вклучил во Македонското народноослободително движење. Пројавил особена активност во оргаЃ низирањето на албанското население во НОБ. Како заменик командир на Мавровско-гостиварскиот НОПО „Кораб” (март 1943), дал особен придонес во обуката на борците во ракувањето со оружјето. Учествувал во првата борба на одредот во Ново Село, во успешната акција во с. Вруток, како и во разоружувањето на две финансиски станици во Гостиварско, при што, меѓу другото, заплениле и 2 пушкомитралеза, 17 пушки, 8.000 куршуми и 250 ќебиња. Притоа на Одредот му се приклучиле осуммина Италијанци и четворица Албанци, а неговиот бро-ен состав од 30 нараснал на 70&80 борци (август 1943). При формирањето на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, Гш на НОВ и ПОМ го назначил за замениккомандант на зоната, а потоа и за командант на Македонско-шиптарскиот кичевски НО баталјон (Прв баталјон на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ или Кичевски баталјон, познат и како Томин баталјон, формиран во слободното Кичево (23. IX 1943), во кој влегол и Мавровско-гостиварскиот НОПО „Кораб”). Во борбата со балистичките сили, предводени од германски офицери, кај с. Зајас (Кичевско) бил тешко ранет и по два дена починал. Уредникот на в. „Народен војник”, орган на Првата македонска НО ударна бригада (Положај, јули&август 1944), Илија Топаловски напишал дека загубиле „еден драгоцен човек”, „страв и трепет за сета албанска реакција, најомилениот и најпопуларен наш борец. Во тие борби непријателот не само што не успеја да го растури братството, ами напротив, заеднички пролеаната крв против заедничкиот наш непријател уште појќе и го продлабочи нашето братство”. ИЗВ.: Зборник докумената и података о народноослободилачком рату југословенских народа, том Ⅶ, књ. 1, Београд, 1954, док. бр. 100; Извори за Ослободителната војна и револуцијата во Македонија 1941-1945, том И, книга втора, Скопје, декември 1968, 217, 218, 269, 341, 343 и 455; Кичево и Кичевско во НОВ 1941-1945. Документи. Избор и редакција Васил Јотевски, д-р Симо Младеновски и Ѓорѓи Чакарјаневски, Кичево, 1985, 176179, 182 и 382. ЛИТ.: Илија Топаловски, Нашата бригада и братството со албанскиот народ, „Народен војник”, орган на Првата македонска НО ударна бригада, И, 2-3. Положај, јули-август 1944; Загинаа во името на слободата (Ранë нë емëр тë лирисë; Öзгüрлüк адина цан вердилер), Гостивар, 1980, 258; Душан Ристоски, Хронологија на настани од народноослободителната војна 1941-1945 година во Кичево и Кичевско. Второ дополнето издание, Кичево, 1984, 64-65. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *