ШУРКОВ, Андон

ШУРКОВ, Андон (Велес, 1900 – СССР, 1938) – работник и комунистички деец. Како определен комунист, емигрирал во Советскиот Сојуз (1927), студирал на КУНМЗ во Москва, а потоа бил испратен на работа во Одеса. Во Сталиновите чистки бил уапсен и осуден. Посмртно е рехабилитиран со одлука на Воениот трибунал на Воениот суд во Одеса. ЛИТ.: Работничкото движење во Македонија до 1929 година, Материјали од научната средба во Титов Велес на 8, 9 и 10 мај 1969 година, Скопје, 1971. С. Мл.