ШУМАРСКИ ПРЕГЛЕД

„ШУМАРСКИ ПРЕГЛЕД“ – орган на Сојузот на инженерите и техничарите по шумарство и индустрија за преработка на дрво во СР Македонија. Списанието почнува да излегува како двомесечник (1960), а од 1985 г. како полугодишник. Во него се печатат трудови за целокупната проблематика на македонското шумарство, соопштенија, информации и др. Престана да излегува во 1991 г. Од 1998 г. новоформираното ЈП „Македонски шуми“ започна да издава свое стручно списание („Македонски шуми“) со слична тематика. Ал. Анд.