ШУКРИ, Рамадан

ШУКРИ, Рамадан (Ресен, 14. Ⅶ 1948) – контрабасист и диригент. Своето музичко образование го оформува во Битола и во Скопје. Водач на групата контрабаси во Рамадан шукри оркестарот на Македонската опера и балет. Работејќи со повеќе мандолински оркестри на основните училишта во Скопје, постигнува значајни резултати, а по негова иницијатива (1981) е основан Мандолинскиот оркестар при МКЦ. Со овој оркестар ш. постигнува големи успеси, надминувајќи го аматерското музицирање, а тоа го потврдуваат добиените награди и признанија во земјата и во странство. Заедно со Е. шукри, (2001) го основа Мандолинскиот оркестар „Скопје“, кој за кратко време постигна значајни резултати гостувајќи на фестивали низ цела Европа. Б. Орт.