ШПИЦ, Илеш

ШПИЦ, Илеш (? – Скопје, 1. Х 1961) – фудбалски тренер, Унгарец од еврејско потекло. Бил дојден во Скопје од ФК „Хајдук“ од Сплит за тренер на ФК „Граѓански“ (1938), кој под неговото стручно раководство станал прволигаш (1938/39). Бил тренер и на СК „Македонија“ од Скопје (1941–1944), член на Елитната дивизија на Бугарија. Окупаторските власти се обиделе да го интернираат во логор на смртта (1942), но поради силниот отпор на јавноста и енергичното залагање од Управата на Клубот, бил симнат од возот кај Врање и вратен во Скопје. По Ослободувањето го тренирал ФК „Партизан“ од Бел-град и ФК „Вардар“ од Скопје. Умрел во Скопје покрај фудбалскиот терен, непосредно по натпреварот на ФК „Вардар“ против ОФК „Белград“. Д. С.