ШОЈЛЕВСКИ, Драган

ШОЈЛЕВСКИ, Драган (Нови Сад, 1924) – агроном, истакнат научник, истражувач, педагог и основоположник на современата пејзажна уметност и архитектура во РМ. Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Загреб (1952). Докторската теза ја одбранил во Загреб (1982). Работел на просторното, урбанистичкото и пејзажното планирање. Има подготвено над 500 елаборати од пејзажната архитектура. Најпознати се: Рекреативниот парк „Горица“ во Охрид; градските паркови во: Скопје, Битола, Радовиш, Виница, Свети Николе; парковите за споменичните комплекси во: Прилеп, Штип, Велес. Како експерт на Обединетите нации, работел во Јужна Америка (Перу). Има објавено околу 80 научни и стручни трудови и две книги. Добитник е на околу 30 признанија за својата активност. С. Х. П. ШОЉАКОВА, Марија Ванчова