ШОРОВ, Зоран

ШОРОВ, Зоран (Штип, 17. Ⅺ 1961) – професор по физичка култура, борач. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје (1990). Бил член на Боречкиот клуб „Балканец“ во Штип. На Младинското балканско првенство во Атина (Грција, 1977) освоил сребрен, а во Крајова (Романија, 1978) бронзен медал, на Медитеранските игри во Казабланка (Мароко, 1982) и Атина (Грција, 1991) сребрени медали. На европски првенства настапил 11 пати, а најголем успех постигнал во Велико Трново (Бугарија, 1987) – сребрен и штутгарт (Германија, 1991) – бронзен медал. Учествувал петпати на светски првенства, а најдобар пласман му е шестото место за младинци во Лас Вегас (САД, 1977). Настапил и на три олимписки игри, а најдобар резултат му е шестото место во Лос Анџелес (САД, 1984). Бил избран за најдобар спортист на Македонија (1987 и 1991). Ф. Ѓ.